Драстични промени во полицијата која ќе работи во служба на граѓаните и вистински ќе се бори со криминалот. Хаосот во МВР, идниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, ветува дека ќе го замени со европски вредности, но не како досега само декларативно споменувани од функционерите. МВР покажа дека може да работи за она за што е платена, и се обидовме да ставиме ред на издавањето на личните документи, вели Тошковски.
-Затекнавме хаос, нефункционалност, затекнавме една состојба која беше недостоинствена за секој еден македонски граѓанин и се потрудивме да ги нормализираме односите во рамки на министерството, се со цел да биде еден нормален начин на услужување на секој еден македонски граѓанин. Драстрични промени ќе има во и во работата на Министрерството, и во сето она што надлежност на МВР, рече Панче Тошковски – предлог министер за внатрешни работи во изјава за Алфа.
Тошковски најавува коренити реформи во минситерството. Функционална систематизација и решавањето на пренатрупеноста во одреди сектори и недостатокот на кадар во други. Секој ќе мора да си ја заработи платата, вели предлог – министерот за внатрешни, а притоа ќе мора да добие услови за работа.
-Најпрво мора да започнеме со нова систематизија, функционална, која што навистина ќе овозможи прво секој еден во МВР се чуствува горд и достоинствен за она што го работи и за тоа да биде добро платен, и исто така да си ја работи работата, просто кажано. Сега огромен број на вработени во МВР, еве благ да бидам, не работат онака како што треба да работат и не се во функција онака како што треба да бидат. Временски период кој е минимум по закон потребен за еден граѓанин да си ја заработи платата за која е платен. Нема да дозволам во МВР, да има статичари кои нема да си ја заработат платата, ќе барам посветено, одговорно и профисионално од секој еден вработен, бидејќи тоа мора да биде така и не може да биде поинаку. Ние не можеме да имаме менаџарски позиции повеќе од тоа што е потребно. Тоа ќе се смени драстично.., вели Тошковски.
Смета дека адвокатската кариера која е зад него ќе му помогне, бидејќи како што вели, кога имате чесна намера пред даночните обврзници, тогаш ќе работи во согласност со законите кои мора да важат подеднакво за сите.
-Техничкиот министер Тошковски, имаше една многу позната реплика, цитирам: Секој еден мора да го почитува законот, законот мора да важи поеднакво за сите. Што ќе каже, односно дали на ова ќе остане министерот Тошковски и што ќе преземе? Ова е услов без кој не се може, за да продолжиме понатаму, услов без кој не се може да ја нормализираме Македонија, услов без кој не се може, а притоа да говориме дека ќе воспоставиме подобри животни стандарди од секој аспект. Оваа мисла треба да е водилка понатаму не само на работањето на МВР, туку во работењето на секоја една државна институција. Должни сме да понудиме едно нормално општество на сите граѓани, одговара Тошковски.
Тој е дипломиран правник, адвокат со големо искуство, кој во својот технички мандат успеа да ја исполни главната цел поради која ВМРО-ДПМНЕ влезе во техничката Влада, спречување на изборна кражба.