Македонија

Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на ЕУ

Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на ЕУ

Делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска и утре (28-29 октомври) во Будва, Црна Гора учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Главни теми на разговор на форумот, на кои свое обраќање имаше министерот Панче Тошковски, се борбата против транснационалниот организиран криминал и недозволената трговија со дрога и луѓе, миграцијата, азилот и управувањето на границите – ЕУ акциски план за Западен Балкан.

Министерот Тошковски во рамките на форумот оствари средба со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, при што беше потпишан Административен аранжман за воспоставување соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Комисијата во Европската мрежа за миграција.

Целта на Европската мрежа за миграција е да ги задоволи потребите за информации за миграција и азил на институциите на Унијата и на властите и институциите на земјите членки, преку обезбедување на ажурирани, објективни, веродостојни и споредливи информации за миграција и азил, со цел поддршка во креирањето политики во Европската Унија за овие области.
Oвој аранжман служи како официјален документ со кој се потврдува нaшето приклучување во европската миграциска мрежа на Европската Унија. Тоа во принцип значи да обезбеди пристап на МВР до ажурирани, објективни, веродостојни и споредливи информации генерирани во рамки на Европската мрежа за миграција за ситуацијата со азилот и миграцијата во земјите членки на ЕУ, кои што се предмет на протоколи за доверливост и споделување информации според Правилата за заштита на податоците на Унијата.

Министерот Тошковски нагласи дека претставниците на Министерството за внатрешни работи во иднина ќе учествуваат на состаноците на Европската мрежа за миграција и треба да имаат надлежности во областа на азил и миграција, покривајќи аспекти на креирање политики, право, истражување и статистика.

На првата сесија Тошковски ги презентираше добрите резултати оваа година во борбата со организираниот криминал како сузбивањето организирана криминална група составена од 13 члена која организирала криумчарење мигранти и пет криминални групи од областа на недозволена трговија со дрога кои дејствувале меѓународно, локално и национално и нагласи дека само унифициран, координиран и стратешки пристап е од клучно значење во борбата против овие закани и само со заеднички ресурси и заедничка решителност, може да се да направат значителни чекори во заштитата на нашите нации, заштитата на нашиот народ и обезбедувањето на правдата..

На сесијата на форумот за зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите со ЕУ – Акциски план за Западен Балкан, министерот Тошковски во свето обраќање ја потенцираше интензивната соработка со ФРОНТЕКС и фокусираноста на регионални проекти финансирани од ЕУ кои се насочени кон зајакнување на човечките, техничките и други капацитети за поефикасно управување со границите.

Најнови вести од Македонија

To top