Денеска остварив работна средба со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, се вели во Фејсбук статусот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На средбата фокусот на разговор беше ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, контрола на граница, борба против криминални организации за криумчарење мигранти и други. Ги истакнав приоритетите кои ги имаме како министерство за внатрешни работи како борбата со организираниот криминал и корупцијата, дигитализација на процесите, планираните реформи и беше потврдено дека унапредувањето на полициската соработка меѓу двете земји е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста како нашата земја така и на регионот, истакна Тошковски.