Македонија

Тошковски: Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено во СВР Тетово

Според Тошковски, не би сакал денот да ги обременува со настани, поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес.

Тошковски: Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено во СВР Тетово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.

-Согласно информациите кои ги имам постапено е од страна на началникот на СВР Тетово, по добиена наредба од страна на директорот на БЈБ, но дали е така или како е конкретно постапено е би сакал сега да навлегувам во детали. Би сакал Одделот за внатрешна контрола во рамки на МВР да утврди како е точно постапено и што е точно преземено и за сите овие детали ќе информираме дополнително, изјави Тошковски.

Според Тошковски, не би сакал денот да ги обременува со настани, поврзани со внатрешното работење на МВР, а не се однесуваат на делот на загрозување на изборниот процес.

Претходно коалицијата Вреди, на прес-конференција обвини дека началникот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Шефик Бајрами продолжува да работи незаконски, и денеска од СВР Тетово го избркал советникот на министерот за внатрешни работи, кој со допис бил поставен од министерот да биде дел од штабот на СВР-Тетово.

Прашан во однос на обвинувањата од коалицијата Вреди за полнење кутии во Липково, Тошковски рече дека таков настан, до моментот на напуштање на оперативниот штаб, формално не е евидентиран.

Најнови вести од Македонија

To top