Македонија

Тошковски на терен со полицајците во Аеродром, за осум часа 155 сообраќајни прекршоци

Тошковски на терен со полицајците во Аеродром, за осум часа 155 сообраќајни прекршоци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчеравечер беше во посета на терен на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за време на спроведувањето на засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. Сообраќајната контрола беше спроведена во периодот од 17.00 до 01.00 часот на територија на општина Аеродром во Скопје, при што акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 155 учесници во сообраќајот, од кои 51 санкција за возачи на мотоцикл. Од нив седум за возење мотоцикл без возачка дозвола, 25 санкции за возење без заштитна кацига, три мерки за возење мотоцикл без положен испит, осум санкции за возење мотоцикл во несоодветна категорија, две мерки за минување со мотоцикл на црвено светло, три санкции за непочитување на даден знак Стоп од полициски службеник, одземени се два мотоцикли поради истечена важност на сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци…

Министерот Тошковски посочи дека значителен дел од прекршителите се млади лица кои управуваат со мотори, скутери и електрични тротинети без соодветна заштитна опрема.

„Во таа насока, важно е секој од нас, особено родителите, да биде свесен за одговорноста што ја има во поттикнување на безбедносна култура уште од најрана возраст“, истакна министерот за внатрешни работи Тошковски, упатувајќи апел до возачите на мотоцикл секогаш за носат заштитна кацига, при тоа додавајќи дека акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет, апелирајќи до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да придонесеме за побезбедни патишта.

To top