Македонија

Тошковски на средба со Мари Чалкли

Тошковски на средба со Мари Чалкли

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средба со Мари Чалкли, в.д. Заменик помошник секретар за меѓународни работи при Одделот за внатрешна безбедност на САД, на која разговарале за повеќе важни теми кои се од клучно значење за нашата земја.

-Дискутиравме за важноста на граничната безбедност како за Македонија така и за регионот и ја потенциравме потребата за постојано подобрување и разменување на искуства и најдобри практики. Се согласивме дека од особено значење е поддршката и искуството на САД при управување и контрола на миграционите текови, со акцент на хуманото третирање и заштита на правата на мигрантите. Се фокусиравме и на сајбер безбедноста, со оглед на зголемените закани во дигиталниот свет. Заеднички констатиравме дека е неопходна соработка во оваа област, споделување на информации и развивање на стратегии за заштита од сајбер напади, информира Тошковски.

Според него оваа средба била значаен чекор кон зајакнување на билатералните односи и поставување на основа за понатамошна соработка во областите од заеднички интерес.

Најнови вести од Македонија

To top