Македонија Да се забрза процесот

Тошковски на средба со Алиу и Андоновски: МВР и МИОА заеднички ќе го подобруваат системот за закажување за лични документи

На средбата се разговараше за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства.

Тошковски на средба со Алиу и Андоновски: МВР и МИОА заеднички ќе го подобруваат системот за закажување за лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на денешните активности се сретна со министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски.

На средбата се разговараше за дел од активностите кои вклучуваат соработка на двете министерства.

Во таа насока одлучено е заеднички да се вложат напори за подобрување на системот за закажување за лични документи, со цел да им се излезе на граѓаните во пресрет и да се забрза овој процес.

Исто така, во наредниот период ќе се разгледа можноста за реализирање на пилот проект кој ќе се спроведе во координација на двете министерства.

To top