Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Тошковски: МВР ќе биде сервис на граѓаните, ќе предложам измени на Законот за патни исправи, надвор од разумот е да се важечки, а да не се употребуваат од граѓаните

Тошковски посочи дека на граѓаните им е многу јасно како беше до сега, дека на сите ни е јасно дека во Македонија се скоро уништени институциите, истите се нефункционални и оти секој во рамки на актуелните раководни структури секој се бори за личен интерес.

Тошковски: МВР ќе биде сервис на граѓаните, ќе предложам измени на Законот за патни исправи, надвор од разумот е да се важечки, а да не се употребуваат од граѓаните

Ова министерство е едно од клучните министерства кои што ќе треба да овозможи фер и демократски избори во наредниот период, рече Панче Тошковски, кандидат за технички министер за внатрешни работи на денешната дебата „Важно е! Платформа за иднина“ на тема Важно е да имаме фер избори што се одржа денеска во хотелот Александар Палас во Скопје.

„Јас како министер ќе сторам се од себе, паролата „како до сега“ да ја заменам со една парола каде владеење на правото ќе биде основно, граѓаните ќе бидат еднакви пред законот, ќе нема привилегии и секој еден ќе се чувствува доблесно и чесно“, кажа Тошковски.

Тошковски посочи дека на граѓаните им е многу јасно како беше до сега, дека на сите ни е јасно дека во Македонија се скоро уништени институциите, истите се нефункционални и оти секој во рамки на актуелните раководни структури секој се бори за личен интерес.

„МВР во наредниот период ќе даде максимум да обезбеди вистинска борба против организираниот криминал и корупцијата од една страна, а од другата која е исто еднакво важна е да биде сервис на граѓаните. Ова кое го гледаме сите особено во делот на управните работи со ова срамно однесување на сите оние кои се на клучни позиции и имаат недостоинствено однесување во делот на издавање на лични документи“, рече Тошковски.

Тошковски укажа дека според негови информации целосно е невозможно да се задоволат потребите на граѓаните согласно сегашната законска регулатива посочувајќи на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд.

„Но, Уставниот суд функционира така како што функционира затоа еден од првите чекори ќе биде да предложам измени на Законот за патни исправи или да се пролонгира рокот на важење. Надвор од разумот е да се важечки, а да не се употребуваат од граѓаните. Тоа е единствено нешто кое суштински ќе го реши проблеми, останува да видиме како ќе се однесува техничката влада и сите институции. Но, ги уверувам граѓаните ќе сторам се процесот да е достоинствен во рамки на можностите. Секако нема да е како до сега ќе биде многу поинаку“, заклучи Тошковски.

To top