Македонија

Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет

Потсетуваат и дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на заштитата од појава на пламеница кај виновата лоза. 

Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет

Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното.

Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки.

-Овие временски услови се непогодни за сите култури, освен за некои видови овошки кои се во фаза на берба и зреење на плодовите. Повремените врнежи на некои места во претходниот период не ја подобрија состојбата со влага во почвата, која е потребна за посевите во овој период од годината. Затоа, приоритет на земјоделските производители треба да биде снабдувањето на културите со потребното количество вода, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Потсетуваат и дека е неопходно да се посвети поголемо внимание на заштитата од појава на пламеница кај виновата лоза. 

Најнови вести од Македонија

To top