Македонија Популаризацијата на Палчо

Токсичната атмосфера на подкастот на Палчо и говорот на омраза кои МВР не ги запре

Двојното убиство на велешанецот Панче Жежовски (74) и Вања Ѓорчевска (14) силно ја потресоа македонската јавност. И двете убиства, според надлежните институции, се поврзани и упатуваат на автор на подкастот „Тешки Муабети“ на порталот „Инфомакс“ и основач на партијата Десна, Љупчо Палевски Палчо.

Токсичната атмосфера на подкастот на Палчо и говорот на омраза кои МВР не ги запре

Контроверзниот Палевски неколку години беше водител и гостин на емисии на интернет порталот „Инфомакс“ на кои изнесуваше ставови полни со говор на омраза и повици за насилство.

Палевски не пропушташе емисија да се заканува и навредува, а особена мета беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицко е глуп за идеологија, тапа е. Не ни знае што е Атлантизам, ќе мисли Атлантски океан е, е само една од навредите на Палевски кон Мицкоски.

Во фејсбук статусите Палевски одеше уште по брутално и подиректно со суптилните закани кон Мицкоски и неговото семејство, па во објава која изобилува речникот „Џукели“, „Накази“ и ред други навреди, тој за малолетниот син на Миуцкоски напиша:

– А јас неговото магаре Јован не сум го спомнал.

По убиството на Вања, во кое е прво осомничен, ова негово пишување и неговите јавни навреди имаат уште по страшен карактер, а што оддава впечаток на човек со сериозни психопатски тенденции.

Ко-водителите на проектот „Тешки Муабети“, кои заедно со Палевски го водеа подкастот вчера дадоа изјава дека се надеваат дека Палевски е невин.

– Искрено се молам дека овие информации ќе се покажат како неточни, искрено. Сме имале некоја некоја друга идеа, никој не можел да претпостави дека позади човек кој што имал некаква патриотска идеа или така зборувал, може да се кријат вакви работи. Навистина не знам што да кажам, рече Александар Митовски, уредникот на „Инфомакс“.

Митовски најави дека од сега, па натака ќе внимавале какви гости ќе покануваат во емисијата.

Дали медиумите треба да имаат поголема одговорност и дали треба да внимаваат што пренесуваат во јавноста и кому му даваат простор е вистинското прашање, на кое и општеството, но и сите ние во медиумите треба да се запрашаме, особено ако го имаме како пример подемот на Палевски и неговата популаризација во јавноста.

Најнови вести од Македонија

To top