Регион

Коњуфца: Вучиќ сака да го зачува тоа што веќе го нема, не ни оставаат впечаток неговите закани

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца изјави дека не му оставаат впечаток заканите што претседателот на Србија, Александер Вучиќ ги упати кон Косово при неговото последно обраќање на српската јавност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во обраќање пред медиумите во Собранието, каде што се одбележува Меѓународниот ден на демократијата, Коњуфца истакна дека безбедносните институции се присутни на северот од државата, така што, како што порача, нема причини за загриженост и страв од заканите на српскиот претседател.

„Вучиќ се обидува да го зачува тоа што веќе го нема и всушност преку прес-конференција ѝ се заканува на Република Косово, но ова е закана која, искрено, не ни остава многу впечаток. Не се плашиме, не сме загрижени, затоа што во тој дел од државата се институциите на Косово, таму се безбедносните институции, политичките институции, функционираат општините и тоа е изгубена шанса за граѓаните кои имаат поинакви мислења за да учествуваат во политичките процеси и да бидат соучесници во политичкиот процес“, изјави Коњуфца.

Најнови вести од Регион

To top