Ужасот во Кочани ги вознемири сите македонски граѓани. Ваква трагедија е незапамтена.
КУРИР е на терен во Кочани, па пред малку забележа како дополнителен доказен материјал се изнесува од местото на трагедијата и се носи на испитување.
Во вреќите можеа да се забележат разни предмети, меѓу кои чанти, но и делови од опрема и инструменти.
Сведок од лице место информира дека телефоните на децата уште ѕвонат.