Македонија Во тек се истражни дејствија

Таткото на Вања уште не бил викнат на распит, неговиот адвокат ќе поднесе жалба за притворот

Туфегџиќ е дециден дека од обвинителот ќе бара и информации како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного.

Таткото на Вања уште не бил викнат на распит, неговиот адвокат ќе поднесе жалба за притворот

Утре до Апелација ќе биде поднесена жалба за притворот на таткото на 14 годишната Вања Ѓорчевска, вели за ТВ 24 адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

-Освен жалба за притворот одбарната на таткото на Вања ќе бара и ОЈО да му објасни, зошто неговиот клиент се уште не е повикан на распит. Туфегџиќ е дециден дека од обвинителот ќе бара и информации како снимките на кои тврди е гласот на Ѓорчевски, стигнале во рацете на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного, објавува телевизијата.

– Како бранител до овој момент бев доволно трпелив и имав разборање. Неколку пати го контактирав Јавниот обвинител меѓутоа до овој момент не добив одговор, ниту покана мојот клиент да даде исказ и да бидеме повикани во просториите на ОЈО да се запознаеме со доказите поради кои има основано сомнение за негова инволвираност. Јас сум лично изненаден од објавувањето на тие материјали. Истражните органи ќе треба да дадат одговор како и на кој начин се креирани материјалите и како дошле до лицето кое ги објавува. Во оваа прилика, јас можам да потврдам автентичност на оној аудио запис каде што се слуша гласот на таткото, а надлежните истражни органи ќе треба да дадат одговор кој го креирал овој аудио материјал и како овој материјал е дојден до лицето кое ги објавува,  вели Туфегџиќ.

Од Обвинителството за ТВ 24 велат дека Ѓорчевски веќе дал исказ. И по нешто повеќе од еден месец од убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за вештачењата на материјалните докази, за исказот на Ѓорчевски и што ќе се преземе во врска со објавените материјали на српскиот јутјуб канал, велат дека во тек се истражни дејствија.

Целата вест прочитајте ја на ТВ 24

To top