Македонија претседателските избори

Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова

Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија за таа цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион, пишива Вучиќ.

Вучиќ и ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

Тој во пораката објавена на платформата Х, вели дека е убеден оти двете земји ќе продолжат да работат заедно на зајакнување на врските со цел напредок и благосостојба, како и на просперитетот на целиот регион.

– И честитам на Гордана Силјановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија за таа цел на напредокот и благосостојбата на нашиот народ, како и на просперитетот на целиот регион, пишива Вучиќ.

To top