Македонија не реагирало обезбедувањето

Тасевски: Неколку лица попладнево влегле во контролата на летање и нападнале вработени

Тасевски: Неколку лица попладнево влегле во контролата на летање и нападнале вработени

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски преку Фејсбук информира дека попладнево во објектот на контрола на летање дошле неколку лица и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање.

Тасевски посочува дека случајот е пријавен во полициска станица Петровец, а запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за внатрешни работи.

Screenshot / Facebook / Aleksandar Tasevski

-Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време, а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект. Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски, пишува на својот фејсбук профил Тасевски.

Најнови вести од Македонија

To top