Македонија лидерска средба

Таравари: Нема да дозволиме дестабилизирање во Владата додека има шанси да се случат уставните измдни

На денешната лидерска средба ќе бара,е широк консензус за одржување на претседателските и парламентарните избори заедно, изјави лидерот на АА, Арбен Таравари пред почетокот на средбата во Собранието.

На прашање дали остануваат во Владата, Таравари одговори дека за сега остануваат и оти нема да дозволат да има дестабилизирање додека има шанси да се случат уставни промени.

-Засега остануваме во Влада. Така ќе биде до моментот кога ќе видиме дали уште ќе постојат шанси се евентуални уставни промени. Ако не, ќе треба да разговараме во партиските тела и да донесеме одлука. Меѓутоа, во едно нешто сме сигурни, а тоа е дека нема да дозволиме да има дестабилизирање во Владата додека има шанси да се случат уставни промени, потенцираше Таравари.

Во однос за членот на ДИК, Таравари кажа дека одлучува народот на избори.

-Алијанса за Албанците имаше 8 пратеници и имаше член во ДИК. Изет Меџити беше дел од ДУИ тогаш, партијата има член во ДИК, Билал Касами беше со СДСМ на иста листа, СДСМ има член во ДИК и Африм Гаши беше со нас и нашиот претставник е претставник на Алијансата во Државната изборна комисија. Ова е нашиот став ако се отвори ова прашање на лидерската средба, рече претседателот на Алијанса.

Најнови вести од Македонија

To top