Македонија УХМР

Студено утро, преку ден до 14 степени

Студено утро, преку ден до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени.

Во Скопје утрото ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Според УХМР, до петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Најнови вести од Македонија

To top