Македонија УХМР

Студено утро, најниска температура измерена во Берово

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Студено утро, најниска температура измерена во Берово

Утрово најниска температура од -4 степени Целзиусови е измерена во Берово, а највисока 2 степена во Виница, Охрид и Претор, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Тетово, Струмица, Скопје-Петровец и Лазарополе измерени се -2 степена, -1 во Демир Капија, Куманово, Mаврови Анови, Битола, Крива Паланка и Велес, 0 во Штип, Кавадарци и Гевгелија, 1 во Прилеп, Скопје-Зајчев Рид и Kрушево.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. 

To top