Драги сограѓани, со голема благодарност и почит ви се обраќам вечерва, објавувајќи ја мојата втора кандидатура за градоначалник на општина Ѓорче Петров. Вашата поддршка, но и вашите добронамерни критики, беа мојот водич во изминатиот период. Заедно, направивме многу, но и знам дека имаме уште многу работа пред нас, посочува Александар Стојкоски.
-Ве повикувам сите вас, да продолжиме да чекориме напред заедно, да ја градиме и да ја подобруваме нашата општина. Ѓорче Петров заслужува да биде најпосакуваното место за живеење во цела Република. Посебна благодарност до Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски за довербата и поддршката. Со ваша поддршка, ќе продолжиме со посветена работа и искрена грижа за сите вас. Заедно, ќе го направиме Ѓорче Петров местото каде што секој од нас сака да живее, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров и кандидат за уште еден мандат.