Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, се обрати на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Гостивар.
– Иако се работи за локлани избори пред година и половина со вас ги сработивме последните парламентарни на кои се достигна рекордот во освоени гласови, а после кои кажав дека таа бројка треба максимално да се испочитува и одговорно да се зафатиме со работа. Со вас заедно сме поминале бројни избори наназад и знаеме што значи добар изборен резултат и што значи победа за ВМРО-ДПМНЕ во овие краишта. Во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на чело со претседателот Мицкоски останала на кажаното, а тоа е дека посебно ќе се грижи за гостиварчани и за цела западна Македонија, рече Стојаноска.
Таа потенцира да не дозлолуваат да ги демотивираат и одвраќаат од гласање.
-Не дозволувајте на лична основа да преговараат со вас и да ви ветуваат се шти ќе посакаат само за себе. Така се губи општиот интерес кој ако сем цврсто обединети, потоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го преточи во политики од кои корист ќе имаме сите, апсолутно сите. Зашто ова најмногу им одговара на овие од ДУИ или од НАИ или Алијанса на Таравари или Алијанса на Села. Никој веќе не може да запамети кои беа и од каде беа. Битно сега Али ги собра на купче и сега мора да одработат за него, потенцира Стојаноска.
Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија. Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие – од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Гостивар.
Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел – онаму кај што другиве оставиле пепел.
Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.
„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 – лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.
Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.