Македонија Утринско еспресо

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ја обезвласти ДУИ

„Прашање е на нивните пресметки, дали сакаат на следниве локални избори ДУИ конечно навистина да ја пензионират од политичката сцена, или сакаат повторно некоја инфузија да и дадат на ДУИ“, категорична е Стојаноска.

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што ја обезвласти ДУИ

„Она што сакам да го потенцирам е дека на последните парламентарни избори, токму коалицијата „Вреди“, особено како поединци би ги истакнала Арбен Таравари и Изет Меџити, беа едни исклучителни гласни говорници против политиките на Али Ахмети“ , прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во гостување во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер.

Стојаноска говореше за последните случувања во коалицијата „Вреди“, притоа истакна дека коалицијата „Вреди“ ја намалила моќта на ДУИ, но подвлече дека оној кој што ја обезвластил ДУИ е токму ВМРО-ДПМНЕ.

-Со резултатот од последните парламентарни избори сепак коалицијата „Вреди“ ја намали моќта на ДУИ, но не ги победија, факт. Оној кој што ја обезвласти ДУИ беше ВМРО-ДПМНЕ. Сепак на тие последни избори ДУИ имаше поголем број на гласови, нивната коалиција на „Европски фронт“ не беше само на ДУИ, тука беа вклучени и други етнички заедници за да може да ги добијат тие гласови и да обвинуваат дека оваа Влада не била легитимна, но морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ е таа која што ја обезвласти ДУИ, вели Стојаноска за Радио Лидер и додаде:

To top