Денеска во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 учествуваше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска каде што се дискутираше на ребалансот на буџет кој што веќе е во собраниска процедура.
Стојаноска истакна дека со ребалансот ќе се обидат да избалансираат меѓу развојната и социјалната компонента имајќи во предвид дека развојната компонента, односно вложувањето во капитални инвестиции ја движат економијата на една држава, но сепак не треба да се изостави и социјалната затоа што минатата влада остави вработени во јавни институции без плати за четири месеци.
„Ќе се потрудиме, колку толку, со овој ребаланс да го направиме развоен буџетот, но за жал, мораме да внимаваме и за оваа компонента, бидејќи свесни сме дека минатите влади, на пример ги оставија без плати за четири месеци, на пример, вработените во Македонски шуми, во Македонски железници“, рече Стојаноска.
Истакна дека, сепак, треба да се внимава и да се најде решение, односно баланс и подеднакво да се инвестира и во капиталните инвестиции како единствен спас за економски напредок на Македонија.
„Точно е дека мора да се внимава и на тој аспект и затоа дел, да не речам половина со половина, но да, ќе изнајдеме начин како да балансираме и со социјалниот момент во држава, но подеднавко да се фокусираме на капиталните инвестиции како единствен спас и единствено решение за да имаме економски напредок во државата“, истакна Стојаноска.
Стојаноска посочи дека во никој случај не ни следи должничко ропствo туку дека ова е почеток на дорба за економски напредок на државата и застанување на свои нозе без да имаме потреба од било какви позајмици, при што се надевам но и секојдневно работиме на тоа Македонија да биде економски независна држава.