-Денес од Тетово сакам да поставам две прашања кои се однесуваат на се уште актуелниот претседател Пендаровски.
Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани?
Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде?, праша Стојаноска.
Стојаноска меѓудругото рече дека Пендаровски бил претседател кој имал само слика, но без глас.
-Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот, рече Стојаноска.
Таа додаде дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори.
-Токму затоа сме денеска пред споменикот на „Жената борец“ во Тетово, затоа што тоа е симбол дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори. Изборот е јасен, изборот е бројот 2 за Македонија повторно да биде горда, појасни Стојаноска.