Македонија Тетово

Стојаноска: Граѓаните на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

Поздрав од еден од пробните полигони на електричните автомобили, една од лажните ветувања на ДУИ кои требаше нели овде низ Тетово да се возат, изјави Стојаноска.

Стојаноска: Граѓаните на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

-Денес сум повторно во Тетово и повторно поставувам прашања до еден претседателски кандидат. Овој пат тоа е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи кој пред некој ден себеси се нарече дека бил претседател на половина свет. Убаво би било господинот Османи да ми наведе пример на барем една земја во светот каде внуци на лидер на политичка партија на власт станати се мултимилионери на 22 годишна возраст и купуваат трговски центри или пак брат на вториот човек на партијата на власт купува локал во метрополата во самиот Центар за цена по багателни услови, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Таа истакна дека: „Ете тоа е партијата ДУИ, но затоа пак граѓаните на Тетово и цела Република Македонија ќе го дадат одговорот на ваквите аздисани политичари и на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Гордана Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот, корупцијата, тендерите и против се што ДУИ го правеше и што смета дека ќе продолжи да го прави како и до сега“.

-Поздрав од еден од пробните полигони на електричните автомобили, една од лажните ветувања на ДУИ кои требаше нели овде низ Тетово да се возат, изјави Стојаноска.

Најнови вести од Македонија

To top