Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Одговорност за Хирургија мора да има и ќе има – лична, морална и политичка!

„Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок. Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ. Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка“

Стоилковски: Одговорност за Хирургија мора да има и ќе има – лична, морална и политичка!

10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба. Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија! 10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор. Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер? Ова е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува, вели тој.

Стоилковски понатаму порача:

„Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок. Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ. Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка“.

Најнови вести од Македонија

To top