Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

„Најостро и изрично ги демантираме информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДС. Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, за што се наведува во емисија во функција на фалсификатот на СДС, а потоа прераскажани од СДС“ , изјави Стоилковски.

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес – конференција изјави дека СДС бесрамно фалсификува документи. Недостоинствено за владејачка партија е да се служи со црна кампања од ваков најнизок формат.

-СДС се служи со груби лаги, со фалсификувани документи, со коишто освен што врши недостоинствен напад врз опозицијата, туку во стилот на тоталитарните режими, го нападна јавниот сервис, ги нападна агенциите за мерење на јавното мислење, го спори расположението на граѓаните. Во истата насока ова доаѓа по низа напади врз медиумите затоа што објавувале за криминални и недозволени скандали за владејачки функционери и институции, изјави Стоилковски.

Тој потенцира дека, најостро и изрично ги демантираат информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДСМ.

-Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, за што се наведува во емисија во функција на фалсификатот на СДС, а потоа прераскажани од СДС, истакна тој.

Имено, Стоилковски, рече дека фактите се следни:

Прво, потписите коишто би требало да стојат зад имињата на фалсификуваниот документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните потписи.

Второ, имиња и презимиња на фалсификуваниот документ се или неточни или воопшто не постојат такви лица.

Трето, датумот на фалсификуваниот документ е 5 декември 2024 година, осум месеци во иднината. Што значи или се повикуваат на датумот 5 декември 2023 на состанокот на ИК по којшто соопштивме дека Претседателот Христијан Мицкоски ќе го предводи РИШ, или целосно се одлепени од реалноста, неведе во изјавата.

За потсетување, Стоилковски информира дека, РИШ на ВМРО-ДПМНЕ се формираше во февруари годинава.

-Ако за СДС е нормално да имаат погрешни имиња и презимиња, за ВМРО-ДПМНЕ името е светост. Ова е и доказ во јавноста за изворот на ваквиот фалсификуван документ, јавно објавен, со лажни потписи. Ова се очајни дезинформации својствени на СДС, со напади со фалсификати и напади врз агенции и медиуми да ја дезинформираат јавноста. Очекувањата од скапо платените советници со црни пари, на пример Асаф Исеин, СДС би требало да покаже поголема самопочит, вели Стоилковски.

„Во тој правец, дали ќе ги обвинат и ИРИ и НДИ за лажни анкети и резултати на коишто ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова се во огромна предност пред Стево Пендаровски и СДС? Измина времето кога Димитар Ковачевски како премиер шеретски одговараше за доделување на државно земјиште на сопругата Елена Ковачевска, за едно евро квадрат; или за тоа дека семејната компанија заедно со неговиот кум, додека Ковачевски беше мандатар и заменик министер, фирмата Пиксел груп добивала државна помош. За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

To top