Македонија Гази Баба со помош за повредените

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје, објави Стефковски.

Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје! Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„За таа цел општина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ ОБЕЗБЕДУВА СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.

На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:

Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски

Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ

Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба

Дополнително ќе обезбедиме и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје.

Нашите молитви се за здравје на повредените, но и за утеха на семејствата на загинатите.

Многу тежок ден за Македонија!“, потенцира во објавата Стефковски.

Најнови вести од Македонија

To top