Македонија Анализа

Стефановски за КУРИР: Понеспособен лидер од Филипче, СДСМ никогаш немало

Тој го поставува прашањето: Зошто докторот Филипче ќе има долга “анемија”, а со тоа и СДСМ ќе биде слабокрвна на долг рок?

Стефановски за КУРИР: Понеспособен лидер од Филипче, СДСМ никогаш немало

Апатијата на членството на СДСМ и бројката со поддршка од 18.000 гласови ( и, дали и таа е точна) говори дека Венко Филипче е најанемичниот претседател на СДСМ воопшто, изјави за КУРИР политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефановски.

Тој го поставува прашањето: Зошто докторот Филипче ќе има долга “анемија”, а со тоа и СДСМ ќе биде слабокрвна на долг рок?

-Затоа што беше најнеспособниот министер за здравство кој Македонија го памети, вели тој.

Стефановски потсетува на, како што вели, само дел од многуте афери на Венко Филипче:

-Нереализирање на готовиот проект за нов Клинички центар во Скопје, нереализирање на фазите за новиот клинички центар во Штип, никаквото опремување на болниците низ државата, најлошите кадровски решенија низ болниците во Македонија, катастрофалното менаџирање на Ковид кризата која резултираше со една од најголемата смртност во Европа.
Дубарите околу набавката на ковид вакцините, пожарот во модуларната болница во Тетово каде што живи луѓе изгореа, а имаше нула одговорност. Возикањето мотори со Заев кога во Македонија гореа огромни шумски предели, шизењето на Харис Џиновиќ во Дубаи со новиот “калиф” на Дубаи, Зоран Ал Заеви. И, на крај, затоа што беше, е и ќе остане сенка за Заев, стечаен управник на фирмата СДСМ и октроиран лидер на истата, вели Стефановски.

To top