Македонија „Топ тема“

Ставриќ: Бројот на заболени со голема кашлица не е 26, туку е многу поголем

Малата возраст, децата под пет години се тие кои се најчесто дијагностицирани, бидејќи тие пројавуваат потешка клиничка слика, рече таа.

Ставриќ: Бројот на заболени со голема кашлица не е 26, туку е многу поголем

Реалните бројки на пертусис во земјава сигурно не се 22 или 26, туку се многу повеќе, истакна проф. д-р Катерина Ставриќ, детски имунолог, во денешното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

-Сигурно дека овие 26 случаи се разболеле во контакт со домашните, во градинка или во училиште. Затоа бројот на заболени лица е многу поголем. Но, главно, малата возраст, децата под пет години се тие кои се најчесто дијагностицирани, бидејќи тие пројавуваат потешка клиничка слика, рече таа.

Докторката посочи дека можеби кај другите не е препознаено за што станува збор.

-Поголемите деца, повозрасните, можеби се вакцинирани лица со ослабен имунитет, меѓутоа доволен за да даде една лесна клиничка слика која за нив можеби и не е препозната дека е пертусис, туку можеби е сфатена како друга вирусна инфекција, вели Ставриќ.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top