„Колега Џафери ве слушав внимателно и навистина во вашиот говор имавте еден интересен заклучок, спомнавте сиромаштија, спомнавте ниски плати, спомнавте брзи кредити. Не спомнавте дека 22 години на власт беше вашата политичка партија и не спомнавте исто така дека не успеавте да ја завршите работата“ , истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.
Стаменкоска Трајкоска посочи за нетранспарентната распределба на средствата која се правела и за штетата која ја предизвикувале со ваквиот начин на однесување директно на товар на граѓаните.
„Не спомнавте исто така дека доколку не се трошеа пари нетранспарентно, доколку парите се трошеа одговорно ќе имаше за сите и за народот како што има сега во предлог буџетот. Не ја спомнавте „Соравија“, „Арберија“, ЕТЦ травел“ и сите оние милиони евра кои беа потрошени во тој правец“, децидна беше Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска напомена дека апсурдно е што говореле за поделба на финансирање на проекти по однос на фаворизирање на општини. Фактите говорат дека нема поделба, постои транспарентна распределба на државните пари.
„Ги спомнавте општините и почнавте да ја делите работата за едни има за други нема. Сите 80 општини аплицираа на повикот за проекти, одобрени 357 проекти, дали знаете каква поделба има таму? Нема поделба. Транспарентно и одговорно распределба на државните народни пари“, изјави Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека ќе следуваат промени во корист на граѓаните, зголемување на животен стандард и ова ќе биде реалност од која ќе нема отстапување.
„И ќе кажам, да ќе нема сиромаштија ќе нема брзи кредити кога граѓаните ќе имаат повисоки плати, а ќе имаат, кога пензионерите ќе имаат повисоки пензии, а ќе имаат, тоа е новата реалност која ќе се случува“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.