Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска објави видео во кое им се обрати на сограѓаните.
-Кисела Вода изминатите години доби нов лик. Се реконструираа улици, се обновија училишта и градинки, се уредија паркови и спортски игралишта. Најважно дека се врарти довербата дека општината навистина се грижи за своите жители, објави Бети Стаменкоска Трајкоска.
Таа додаде дека сега е време да продолжиме уште поамбициозно со нови проекти и со посветена работа. Кисела Вода да стане уште поуредено и безбедно место за живот на секое семејство. Јас сум Бети Стаменкоска Трајкоска, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!