Македонија ги испрати дачиќ

Српските пожарникари и хеликоптерот Ка-32 полетаа кон Македонија

Српските пожарникари и хеликоптерот Ка-32 полетаа кон Македонија

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска присуствуваше на испраќањето на припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации на МВР кои полетаа за Северна Македонија со противпожарен хеликоптер Камов Ка-32 за да помогнат во гаснењето на шумски пожар, јави дописникот на МИА од Белград.

-Подготвени сме да помогнеме секаде каде што е потребно, се разбира имајќи ги предвид процедурите и барањата испратени од други земји, рече Дачиќ.

Тој додаде дека властите на Северна Македонија се запознаени со способностите и капацитетите на Србија кога станува збор за пожари и дека го барале токму противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 бидејќи може да носи пет тони вода.мвр

-Се разбира дека нашите единици на Секторот за вонредни состојби заминуваат заедно со Хеликоптерската единица, бидејќи во овој случај дејствуваат заедно, рече Дачиќ.

Тој нагласи дека во вакви ситуации се реагира само доколку има барање за помош.

-Не станува збор само за хеликоптер, овој хеликоптер ќе биде распореден во Северна Македонија со седум членови на екипажот, рече Дачиќ.

Министерот потсети дека Србија е дел од Европскиот механизам за цивилна заштита, кој е формиран за поддршка на напорите за спречување катастрофи и зајакнување на подготвеноста на единиците за цивилна заштита да дејствуваат на национално, регионално и локално ниво.

Тој додаде дека припадниците на Секторот за вонредни ситуации, како и на Хеликоптерската единица, во минатото им помагале на други земји во операциите за гаснење пожари, како и во некои други вонредни ситуации.

Командантот на Хеликоптерската единица на МВР, Ненад Недиќ нагласи дека противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 од руско производство за прв пат се испраќа надвор од границите на Србија.

Хеликоптерската единица на МВР поседува два хеликоптери Ка-32, кои се препознатливи по коаксијалниот ротор. Во Србија пристигнаа лани во две варијанти.

Моделот што е испратен во Северна Македонија носи противпожарно ведро, а другата варијанта го има системот SP 32, кој се состои од суспендиран резервоар со капацитет од четири тони и воден топ што се користи за хоризонтално гаснење пожар.

Началникот на Одделението за вонредни состојби, Лука Чаушиќ изјави дека припадници на МВР на Србија ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарите на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип.

Владата на Северна Македонија претходно прогласи кризна состојба поради големиот број пожари, а беше одлучено кризната состојба да трае 30 дена поради топлотниот бран.

To top