Македонија МВР

Средба Тошковски-Лимани за забрзување на протокот на патници на граничните премини за време на сезоната на годишни одмори

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

Средба Тошковски-Лимани за забрзување на протокот на патници на граничните премини за време на сезоната на годишни одмори

Денеска (02.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

На средбата беше разгледана ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници од двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори и посетите на нашите граѓани од дијаспората.

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

Секако двајцата министри разговараа и за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедноста на сите наши граѓани, како една од стратешките цели на новата Влада.

Најнови вести од Македонија

To top