Македонија

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово

Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.

Средба Тошковски – Дачиќ во Куманово

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе биде домаќин на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.

На крајот на јули годинава, Тошковски и Дачиќ се сретнаа во Белград и разговараа за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи.

– По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

To top