Членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија (АОА), како и претставници на Министерството за одбрана и Армијата, денеска беа во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), каде што имаа средба со директорот и неговиот заменик, информираа попладнево од ЦУК.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, и заменик-директорот Трајче Јовановски ја истакнаа важноста од континуираната соработка со дипломатските и воените претставништва.
– Соработката со одбранбените аташеи претставува значаен мост за градење меѓусебна доверба, навремена размена на информации и координирано дејствување во услови на комплексни безбедносни и кризни предизвици. Само преку партнерство и заеднички пристап можеме да обезбедиме ефикасен и навремен одговор во заштита на граѓаните и државата – потенцира Али.
Денес, во просториите на Центарот за управување со кризи, на голема чест и задоволство беа пречекани членовите на…
Posted by Центар за управување со кризи on Среда, 28 јануари 2026
Пред присутните беше одржана и презентација за функционирањето на Центарот за управување со кризи, неговите надлежности и улогата во системот за управување со кризи. Притоа, како што се наведува во соопштението, истакнато било дека ЦУК претставува главна алка во процесот на координација, навремена комуникација и справување со кризни ситуации на национално ниво.
– Во конструктивна и професионална атмосфера беа разменети мислења и искуства, со посебен акцент на унапредување на институционалната и меѓународната соработка, како и на заедничките механизми за превенција и одговор при кризи – додадоа од ЦУК.
Од Центарот за управување со кризи нагласија дека остануваат цврсто посветени на градење силни партнерства со сите релевантни домашни и меѓународни фактори со цел ефикасно, координирано и навремено справување со сите предизвици