Македонија МНР-ТИРЗ

Средба Муцунски-Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети

На средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции.

Средба Муцунски-Димовски: Економскиот раст, новите работни места и инвестиции во фокусот на владините приоритети

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, се сретна со новоименуваниот директор на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Гоце Димовски.

На средбата стана збор за владините приоритети, со фокус на активностите како што се економскиот раст, креирање нови работни места, поттикнување на трговијата и привлекување нови инвестиции.

Притоа, двете страни се обврзаа на цврста и континуирана соработка во насока на остварување на приоритетите на владата.

Воедно на средбата, беше нагласена потребата од координиран пристап и континуирана соработка на полето на економијата и бизнисот, како и заложби за заеднички настап во однос на привлекувањето странски инвестиции.

Најнови вести од Македонија

To top