Македонија СПМ

СПМ: Зголемувањето на пензиите е неопходно и со право се предлага нивно линеарно зголемување

Врме е за нови ликови и јасни и прецизни предлози кои се потребни за граѓаните, стои во денешното соопштение.

СПМ: Зголемувањето на пензиите е неопходно и со право се предлага нивно линеарно зголемување

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека приказните на вицепремиерот од СДС, Битиќи дека пензискиот план на Коалицијата „Твоја Македонија” ќе остави без пензија половина од пензионерите се конструкција и лага за партиски предизбори потреби.

-Зголемувањето на пензиите е неопходно и со право се предлага линеарно зголемување на пензиите од страна на Коалицијата „Твоја Македонија“ и истото наидува на поддршка од пензионерите, што особено го избезумува вицепремиерот. Битиќи си прави свое црно сценарио дека нема да има доволно пари за пензии и дека тоа ќе ги поремети финансиите на пензискиот фонд. Заборава дека разликите и заостанувањето на пензиите го направи токму владата на СДС и ДУИ и ги предизвика незадоволството и барањата на пензионерите, соопштија од партијата.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека е доста од лагите и манипулациите што постојано предизборно ги шират СДС и ДУИ.

– На граѓаните им е јасно дека тие се потрошени партии и политичари и мора да си одат во историјата. Врме е за нови ликови и јасни и прецизни предлози кои се потребни за граѓаните, стои во денешното соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top