Македонија Социјалистичка партија на Македонија

СПМ: Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите

-Граѓаните се свесни, знаат и не прифаќаат лаги и манипулации што ќе се потврди со гласањето на изборите и со масовната излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“, велат од СПМ.

СПМ: Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека во предизборните настапи од страна на опозициските СДС и ДУИ се негира сè што е постигнато во државата од владеачката Коалиција „Твоја Македонија“. Самите тие што со години ја уништуваа државата и не можат да понудат ништо за граѓаните на локалните избори, срамно ги оцрнуваат сите што имаат визија, планови и желби и знаат како државата да оди напред, се наведува во соопштението на Социјалистичката партија на Македонија.

-СДС во врховистички занес упорно инсистира на прифаќање на предавнички документ што го нарекува резолуција за да се амнестираат неговите раководства од велепредавството што го направија и за закочувањето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ. Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите и ги запреа напредокот и развојот.
Појавувањето на лидерот во сенка и политички и секаков криминалец Зоран Заев, кој во медиумите настапува во одбрана на СДС и Филипче, е доказ дека се уплашени од злосторството што го направија и за тоа што им следува како предваници на народот, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека секој што правел криминали и злодела и се уште се обидува да ги прави неизбежно е судски да одговара, на што СПМ особено ќе внимава.

To top