Македонија Социјалистичка партија на Македонија

СПМ: Конгресните предлози на ДУИ се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата

Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани согласно со Уставот и законите што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против самиот систем и надвор од законот што претставува и повод за институционална реакција, посочуваат од СПМ.

СПМ: Конгресните предлози на ДУИ се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата

Социјалистичката партија на Македонија конгресните предлози, кои ги формулира претседателот на ДУИ Али Ахмети, смета дека се насочени кон рушење на уставниот поредок и слабеење на државата, се вели во соопштение од СПМ.

-Под формата спроведување на Рамковниот договор Ахмети бара примена на принципот на Бадентер да се прошири и за извршната власт при избор на Влада и за донесување на одлуките на Уставниот суд. Така како што тој ја замислува демократијата со вткаен големо албански шовинизам кој не се ни обудува да го сокрие. Тој бара да се подреди државата и системот под владеење на ДУИ. Да се минимизира важноста на мнозинството во државата, а да се мајоризира малцинството, велат од партијата.

Од СПМ велат дека ова се апсурдни неприфатливи барања кои не постојат во ниту еден правен систем.

-Дрските и безобѕирни предлози на Ахмети сигурно би ги прифатиле од СДС. Но не и Коалицијата на власт која не треба да им посвети никакво внимание, сметајќи ги најмалку како несериозни или повеќе противзаконски. Социјалистичката партија на Македонија на јавноста и укажува дека наместо унитарна ДУИ предлага нестабилна држава каде малцинството ќе го подреди мнозинството и ќе предлага одлуки кои ќе ја блокираат државата, а се и против интересите за нејзиниот раст и развој. Социјалистичката партија на Македонија се залага за правна и демократска држава на сите граѓани согласно со Уставот и законите што е веќе уредено и признато во меѓународни рамки. Секое барање надвор од тоа е против интересите на граѓаните, државата и на македонскиот народ, но и против самиот систем и надвор од законот што претставува и повод за институционална реакција, посочуваат од СПМ.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Најнови вести од Македонија

To top