Македонија СПМ

СПМ: Единствено Силјановска Давкова заслужува да ја води државата

Давкова е втора на гласачкото ливче таа на изборите ќе биде прва и ќе победи со мнозинство гласови од граѓаните кои ќе и го доверат мандатот за претседател на државата, соопштија од партијата.

СПМ: Единствено Силјановска Давкова заслужува да ја води државата

Социјалистичката партија на Македонија целосно ја поддржува проф. д-р Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија и им укажува на членството и на граѓаните дека единствено таа заслужува да ја води државата.

-Иако Давкова е втора на гласачкото ливче таа на изборите ќе биде прва и ќе победи со мнозинство гласови од граѓаните кои ќе и го доверат мандатот за претседател на државата, соопштија од партијата.

Социјалистичката партија на Македонија му порачува на членството и на македонските граѓаните дека не треба да се поддржи Стево Пендаровски да биде повторно избран на функцијата која ја врши.

-Иако е избран за прв на гласачкото ливче тоа треба се избегне и да се внимава за да не се заокружи единицата. Единствен реален избор на граѓаните е кандидатката на Коалицијата „Обнова на Македонија” проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со што ќе се обезбеди реалната иднина и просперитет на Македонија, истакнаа од Социјалистичката партија на Македонија во денешното соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top