Македонија

Спасеновски: Заклетвата на Мицкоски во согласност со уставното име е разумен потег

Спасеновски: Заклетвата на Мицкоски во согласност со уставното име е разумен потег

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Александар Спасеновски, коментирајќи го интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за централниот дневник на Телевизија Сител, истакна дека одлуката на Мицкоски да го користи уставното име на заклетвата за неговиот избор за премиер е разумен потег.

„Тоа е израз на почитување на Уставот. Највисоките личности во политичката хиерархија мора да ги почитуваат законите бидејќи така имаат полно право да се залагаат за владеење на правото,“ рече Спасеновски.

Тој додаде дека овој потег ќе ги унапреди односите со Грција и ќе го олесни патот на Македонија кон Европската Унија. Спасеновски смета дека со оваа одлука, се распрсна еден политички неур од сапуница и Мицкоски сега ќе може да се фокусира на реализација на клучните проекти од програмата за која доби голема поддршка од граѓаните на изборите.

Најнови вести од Македонија

To top