Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Синтек инженеринг ДООЕЛ известува за времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 03.10.2024 година до 01.12.2024 година, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т1. Десната тунелска цевка на тунел Т1 ќе биде целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе биде целосно пренасочен во левата тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

To top