Македонија

Сончево до крајот на седмицата, еве какви ќе бидат температурите

Сончево до крајот на седмицата, еве какви ќе бидат температурите

До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 до 13 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Најнови вести од Македонија

To top