Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на чиј дневен ред се преостанати се уште три точки – Предлог за изборот на член на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Македонија, по скратена постапка.
Собраниската Комисија за избори и именувања утврди предлог-листа од двајца кандидати за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието – Cejфула Османи, доктор на правни науки од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник од Тетово.
Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка треба да се овозможува зголемувањето на пензиите во согласност со планираните политики на Владата.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вчера при образложувањето за Предлог на законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија пред пратениците истакна дека истакна дека станува збор за техничка измена на само еден член.
-Имајќи предвид дека ЈПДП има релативно солиден буџет од сопствени извори и средства, сметаме дека, поради големината и значењето на проектот, добро е и тоа да е вклучено како носител и инвеститор во проектот – појасни Николоски. (МИА)