Македонија

Собранието ќе ја продолжи 75. пленарна седница

Собранието ќе ја продолжи 75. пленарна седница

Собранието денеска треба ќе ја продолжи 75. пленарна седница, на чиј дневен ред неразгледани се преостанати уште девет точки.

Пред пратениците се Предлог-законот за ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови на Договорот за изменување и пристапување кон Централноевропскиот договор за слободна трговија, Ревидираната фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2026-2030 година, Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД Скопје, Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог-законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, сите по скратена постапка.

По скратена постапка се и Предлог-законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници и Предлог-законот за изменување на Законот за платежни услуги и платни системи.

Најнови вести од Македонија

To top