Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 22. седница, на чиј дневен ред се Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2025 година, по скратена постапка.
На предложениот дневен ред се и одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, предлог одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на РСМ за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Македонија за соработка со парламенти на други држави.
Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, на оваа седница се и предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
На дневен ред се и Предлогот за изборот на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, како и измените и дополнувата на Законот за заштита на децата во прво читање.
По скратена постапка на оваа седница се предложени измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за шумите, како и измените и дополнувањата на Законот за градење