Македонија ДЗС

Со такси лани превезени 14.341.000 патници

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

Со такси лани превезени 14.341.000 патници

Минатата година со такси превезени се 14 341 000 патници, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1.592.000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1 556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55 793 000 километри, од кои 47 487 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8 306 000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС споделува податоци и за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин,  2 752 тони дизел и  на   2 239 тони автогас.

Најнови вести од Македонија

To top