Сопственикот на златна виза за Дубаи и претседател на СДСМ со рејтинг од 3,8 насто (во рамки на статистичка грешка) идентичен со Таравари, 50% помал од Ахмети и 7,5 пати помала доверба од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за денеска помпезно најави дека ќе излезел со конкретен предлог за она што би се разговарало на лидерската средба која упорно ја бара, иако од ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека нема потреба од нова лидерска средба која ја гледаат како обид на претседателот на СДСМ да го крене сопствениот рејтинг. Кој го нема.
За денеска во 11 часот е закажана седница на Националниот совет за евроинтеграции со кој претседава Филипче, а на дневен ред е Статусот на реализација на Реформската агенда на Република Македонија (2024-2027).