Македонија АМСМ

Снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево, сообраќајот по претежно влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Снежни врнежи на превојот Стража и во Крушево, сообраќајот по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Како што информира АМСМ, врнежи од снег има во Крушево и на планинскиот превој Стража каде што е укината забраната за тешки товарни возила.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top