Македонија УЈП

Следната недела исплата на „Мој ДДВ“

За ова тримесечје, над 858 милиони денари ќе бидат исплатени на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за периодот април – јуни 2024 година.

Следната недела исплата на „Мој ДДВ“

Исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП.

Подготовката на налозите за исплата на МојДДВ за второто тромесечје од 2024 година е во финална фаза. Управата за јавни приходи досега генерираше 371.407 налози за отпочнување на исплатата, а уште 120.000 налози ќе се генерираат за целосна реализација на процесот, соопштуваат од Управата за јавни приходи.

За ова тримесечје, над 858 милиони денари ќе бидат исплатени на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за периодот април – јуни 2024 година.

To top